Добредојдовте на

Дигитал Скул

Единственото училиште целосно посветено на едукација на деца и млади во програмирање.

Визијата на Дигитал Скул

е да му обезбеди на секое дете пристап до квалитетно учење на основните знаења од дигиталните науки, современите технологии и програмски вештини, со инструктори со експертиза во индустријата, академијата и меѓународните програми

Мисијата на Дигитал Скул

е да предаде фундаментални знаења и вештини за дигиталните науки и технологии уште од најрана возраст. Да ги припреми децата за новото информатичко општество кое ќе го наследат.

Дигитал Скул е приватна образовна институција специјализирана и посветена на образованието на децата и младите во информатичката технологија.

Училиштето е меѓународно и е отворено во Македонија во јануари 2019 година, како резултат на големата потреба на младата генерација за подлабоко учење и знаење во оваа област.

Дигитал Скул нуди курсеви за програмирање за деца од 8 до 14 години и млади од 15 до 18 години, кои траат од 1 учебна година за основните нивоа и до 3 академски години за најнапредните нивоа, каде што студентите се учат да креираат компјутерски игри, мобилни апликации и веб-страници.

Наставната програма на Дигитал Скул е составена врз основа на наставните програми составени од меѓународни организации како што се CODE и Технолошкиот институт во Масачусетс - МИТ во Соединетите Американски Држави.

Оваа наставна програма е посветена на децата и младите за учење по компјутерски науки и технологија и ги исполнува сите потребни дидактички и педагошки стандарди.

Значи, главната цел на ова училиште е развој на новите генерации во областа на информатичката технологија, да напредуваат до степен да се чувствуваат независни во развојот на технолошките програми.

Ова искуство и знаење ќе им служи без разлика на професијата што ќе ја изберат во иднина.

— Запишете се

Подгответе се за вашата иднина!

Регистрирајте се

— Инструктор

Бидете дел од тимот на Digital School!

Аплицирајте се

– Училишен билтен

Пријавете се на нашиот билтен за да ги добивате најновите вести, понуди и ажурирања доставени до вашиот мејл.

Дигитал Скул е првото училиште отворено во Република Северна Македонија, кое нуди курсеви за информатичка технологија за деца на возраст од 8 до 18 години.

Контакт