22 Shtator, 2022

Отворен ден „Кодирај ја иднината“

Дигитал Скул, заедно со одделот за образование при Општина Чаир, организираа отворен ден насловен „Кодирај ја иднината“.

Учесници беа над 200 ученици од основните училишта од Општина Чаир, каде целта на настанот беше тие да се информираат и да ги научат основните концепти за програмирање и различни технологии.

Овој проект има за цел да ги промовира дигитализацијата и вештините за дигитализација, кои се неопходни за секој поединец во овој момент. Им благодариме на Општина Чаир за соработката во овој проект, кој ќе продолжи и во наредните академски години!