30 Maj, 2022

Зошто децата треба да посетуваат Летна Школа?

Во текот на месеците јуни и јули, Дигитал Скул организира Летна Школа со наменска програма за деца на возраст од 8-18 години. Целта на Летната Школа е да ги обучи децата и младите во најактуелните и најатрактивни области во светот на информатичката технологија.

Во текот на двонеделната програма децата ќе научат:

  • Архитектура на компјутери
  • Мрежи
  • Сајбер безбедност и хакирање
  • Видео, аудио и уредување слики
  • Дизајнирање на апликации
  • Претприемништво
  • Главните предности од посетувањето на Летната школа се:

Можност за следење на Летната Школа онлајн

Покрај физичката програма, Дигитал Скул нуди посветен програмски план за ученици на возраст од 11-18 години за следните курсеви: 3D игри, музичка продукција, создавање апликации без кодирање, дизајн на веб UI/UX, вештачка интелигенција, и др.. Предноста на онлајн Летната Школа е можноста да ја следите каде и да се децата, доволно е да имате пристап до Интернет за да ги следите курсевите од дома и да стекнете вештини во различни насоки додека поминувате забавно време со нашата онлајн заедница.

Учење за атрактивни теми

Летото е познато како време кога децата претпочитаат да се одморат од училишните активности, но Летната школа е идеална можност каде што ќе учат додека се забавуваат и ќе имаат фантастично лето со нашата програма која вообичаено не се нуди во текот на учебната година. Така, студентите ќе стекнат нови вештини и информации за теми од интерес за новите технологии.

Зголемена самодоверба

Завршувањето на курсот за Летна школа може да биде одличен пристап за да се покаже колку добро децата се способни да работат тимска и индивидуална работа, да ја тестираат овде и нивната доверба со група млади ученици .

Разбирање на самостојно учење

За време на Летната школа, децата се фокусираат на развивање нови вештини преку поттикнување на љубопитност, креативност и потпирање на нивниот талент, за да ги завршат своите лични проекти кои ќе бидат претставени на крајот од двонеделниот курс.

Социјализација и запознавање со новото општество

Летната школа е добра можност да стекнете нови пријатели, со кои децата имаат заеднички интереси, нудејќи ви можност да се забавувате и да учите во исто време. Забележано е дека дури и студентите кои се двоумат да создадат општество, имаат можност да се прилагодат поради пријатната атмосфера, и заедничките интереси, создавајќи различност во новото општество, преку разни игри во „Собата за игри“ и организирани активности надвор од училишните простории.

Средина за учење која е интензивна и интерактивна

Летната школа нуди возбудлив програмски план и пократки часови, кои се придружени со логички игри и кои помагаат да се развијат вештините за логично решавање проблеми. Тука спаѓаат и друштвените игри, кои ќе бидат дел од забавата и предизвиците во групата.

Мотивација за живот

Студентите ќе имаат можност да се запознаат и разговараат со успешни луѓе од областа на информатичката технологија (гости говорници), кои ќе одржат мотивациони предавања со цел децата да го слушнат нивното патување кон успех во животот и професијата.

Подготовка за кариера

Запишувањето во Летна школа им помага на вашите деца да ги започнат основите на нивната кариера во информатичката технологија. Како и секоја друга воннаставна активност, така и Летната школа им помага во секојдневниот живот, без разлика на насоката што ја избираат во кариерата, знаењето од областа на технологијата станува неопходно за сите насоки.

Пишува: Влора Ѓурка